петок, ноември 15, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

Левица со иницијатива за бесплатен автобуски превоз на пензионерите во Охрид

На 12.03.2024 година, членот на Советот на Општина Охрид од Левица – Виолета Аврамоска поднесе Иницијатива за бесплатен автобуски превоз на пензионерите во градот Охрид.

,,Економската состојба во Република Македонијa и во Охрид, придонесе видно да се влоши финансиската состојба на пензионерите. Со малите пензии одвај преживуваат и се без услови за пристоен живот, се вели во соопштението од Левица ЛО Охрид.

Во продолжение на истото се додава:

Бесплатниот автобуски превоз во голема мера би им го олеснил нивниот живот и би ги намалил нивните секојдневни давачки.

Оваа иницијатива ја поднесувам по барање на поголема група пензионери од Охрид” – стои во образложението поднесено од советничката од Левица – Охрид.

извор: Левица ЛО Охрид