АктуелноОхрид

Средба Пецаков – Гир, разговарале за напредокот на општината, како и за финансиските раздолжувања на Локалната самоуправа и јавните претпријатија

Денес остварив работна средба со Амбасадорот на Европската унија во Македонија, Н.Е. Дејвид Гир.
На средбата разговаравме за напредокот на општината, како и за финансиските раздолжувања на Локалната самоуправа и јавните претпријатија. Амбасадорот ги поздрави заложбите и успешното менаџирање на Општината, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.

Во продолжение на објавата градоначалникот додава:

Разговаравме и за напредокот во спроведувањето на препораките од УНЕСКО како и за соработката со владините институции.
Амбасадорот ја поздрави и реализацијата на проектите кои што се финансирани од Европската унија, особено оние кои се однесуваат за поранешниот простор од Касарната. Дополнително го запознав Амбасадорот и за понатамошниот развој на оваа локација и со идните проекти кои ќе се реализриаат таму, а тоа е префрлањето на ОУ „Кочо Рацин“, изградбата на адреналински парк како и дополнување на пам уп траката за што Амбасадорот изрази силна поддршка за нивна реализација.

извор: ФБ Кирил Пецаков