Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“, „злоупотреба на лични податоци“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против лице на (45) години од Скопје.
Таа, во текот на 2023 година, користејќи лажен идентитет, во Струга отворила две фирми и со три лица склучила договор за вработување, по што ги искористила нивните податоци и во нивно име извршила електронско аплицирање за брзи кредити.
Одобрените пари, потоа ги префрлала на друга трансакциска сметка и ги користела за свои потреби. На тој начин пријавената се стекнала со имотна корист од 319.706 денари.