Наш ИзборНаш изборОхрид

Божиновски: Никогаш не било полошо, важно е да се промени власта и да си ја вратиме државата

Во Македонија со неспособната и неодговорна власт на СДС и ДУИ владее целосен хаос и народот е сосема во право кога вели дека немаме држава.

Главните виновници за агонијата со неградењето на автопатот Кичево-Охрид не само што предизвикаа удар врз туризмот и економијата, туку и создадоа смеа и подбив.

Никогаш помалку и побавно не се градело и никогаш не се градело вака неквалитетно и неплански.

Главна одлика им е нефункционалноста и се експерти за анекси на договори за зголемување на цената од 374 милиони до над 600 милиони евра и за пролонгирање, самите си ги задаваа роковите, самите тие ги пробиваа.

Потрошија два мандата и не можеа да го довршат, не реализираа ниту 20 % дополнителна градба, а за жал продолжуваат да се губат човечки животи.

Дали како предавничка власт ги казнувате охриѓани затоа што доживеавте катастрофален пораз на локалните избори и за тоталното фијаско кое ви следува?

Кажете што ветивте и што реализиравте како проект за бенефит на охриѓани?

По изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја прекинеме агонијата на автопатот и се обврзуваме со силно темпо и ангажираност до крајот на 2026 година да биде пуштен во употреба.

Охриѓани веќе јасно се одлучни за промени и на централната власт.

Затоа важно е да ги поразиме токму заедно со народот!

Да ги поразиме затоа што Македонија заслужува подобро!

Никогаш не било полошо, важно е да се промени власта и да си ја вратиме државата, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, Перчо Божиновски.