Наш ИзборНаш изборОхрид

Сеправославно сослужение, братољубие, архимандритско достоинство на литургиското славје на Св. Партениј

Божествената Литургија е кулминација на љубовта, верата, радоста, милоста, благодатта… Вчерашната празнична архиерејска Литургија, предводена од многу почитуваниот пастир на оваа света Дебарско-кичевска епархија, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот г. Тимотеј, во братско сослужение со нашиот драг, сакан иarchivador cajonera carpetas colgantes cheap jerseys adidas yeezy 700 v3 vans chima ferguson pro 2 port royale black forty two skateboard shop archivador cajonera carpetas colgantes handcitruspers vans chima ferguson pro 2 port royale black forty two skateboard shop nike air max 1 ultra moire black white ราคา scarpe eleganti senza lacci amazon massaggiatore anticellulite amazon checkerboard vans ochre Purchase Iowa rugby uniforms, Iowa olive jerseys, Iowa rugby shoes, and other accessories archivador cajonera carpetas colgantes custom baseball uniforms años 20 hombre disfraz долгогодишен пријател во Христа, Преосвештениот Епископ Аморејски и Игумен на Манастирот Влатадон г. Никифор, и со возљубениот ни Старец, Епископот Антаниски г. Партениј, беше многу повеќе и од тоа. Таа беше круна на единството во Христа, братољубието во најубава смисла на зборот и заедничко славење на Тајната вечера Божја. Оти, молитвено сплотени со светите архиереи, сослужуваа и архимандритите о. Калиник од Вселенската Патријаршија и о. Матеј од Црквата на Грција, секретарот на епархијата о. Никола Христоски, бигорските архимандрити Доситеј, Макариј и Кирил, протојереј-ставрофор о. Златко Пуреовски од Радовиш, протојереј-ставрофор о. Љупчо Симиџиоски и о. Павел Крцоски од Охрид, о. Миле Ангелковски од Дебар, како и протоѓаконот Никола Ѓурѓиноски, светогорскиот ѓакон Хризостом, јероѓаконот Партениј од Танзанија и бигорските јероѓакони. На Божествената Евхаристија ѝ претходеше уште еден прекрасен дар за присутните – ангелогласната хармонија на двата распеани хора, светогорскиот и бигорскиот, што за време на празничната утрена богослужба ги галеа нашите души, величајќи го, низ вдахновено составените стихири, големиот Лампсакиски Светија, чиешто име, со подражание и смерност, го носи бигорскиот Старец и владика. Навистина богата духовна гозба за бројните вљубеници во Христа и поклоници пред подвигот и светоста на чудотворецот Партениј, збогатена со благодатно присуство на Светиот, видливо во радоста што ги опфаќаше срцата. Се радуваше и нашиот благ Христос, гледајќи како Неговите чеда од разни места во светот, во еден дух, со слеана молитва, братољубиво служејќи го литургиското тајноводство, ја сведочат Неговата заповед да бидеме едно.

Така обединети, сите со иста радост го пречекаа мигот кога свештенослужителите на надлежниот архиереј г. Тимотеј му го принесоа нашиот возљубен и мил јеромонах Макариј, за по молба на нашиот Старец г. Партениј, да биде достојно награден и украсен со архимандритски чин, во знак на благодарност за долгогодишна служба за Бога во подвиг и послушание. Громогласното „Достоен!“ што одекна од сите усти само уште еднаш ја потврди едномисленоста, биењето на сите срца во еден ист радосен ритам на славословие. Среде таа сеопшта радост смирениот лик на оној кој го примаше на себе архимандритскиот крст, уште повеќе ги разгоре срцата за молитви што сесрдно се упатуваа кон небесата, просејќи за него сила за носење на крстот.

Литургиската торжествена духовна гозба кулминираше со најслаткото јастие и питие, насладувањето со Светите Христови Тајни, откако претходно саканиот наш митрополит духовно ги подготви сите присутни за достојно да го примат тој дар, богомудро поучувајќи ги:

Најпосле саканиот наш Старец, чиешто дарежливо срце не може а да не го искористи и овој ден за да подари љубов, го израдува владиката Тимотеј со една прекрасно изработена копија од некогашната бигорска дарохранилница со седеф, за да го закити престолот на охридската Света Софија, а во знак на признание за неговите напори во возобновувањето на ова древно светилиште. И драгиот наш гостин и голем пријател на Бигорски, Епископ Аморејски г. Никифор беше даруван со архиерејски енколпион во спомен на долгогодишното пријателство и обострана љубов за Црквата Христова, а на светогорскиот Архимандрит г. Матеј, кој исто така остана со Бигорската Обител во сите радости и таги, низ сите искушенија и слави, Старецот му подари епитрахил и надбедреник, рачно изработен од сестрите во Рајчица. А на новиот Архимандрит Макариј, пак, од име на целото бигорско братство Старецот му возложи на градите посебно изработен крст, како потсетник на одговорноста оти архимандритскиот чин не е само чест туку и поголем крст. На него, монашкиот родител на својот духовен син му ја напиша следнава посвета: „На мојот верен и послушен син во монаштвото Архимандрит Макариј, со љубов во Христа, Епископ Партениј“.

На многаја лета, татко наш во Христа, Свет Антаниски, Старче Партение!

 

Бигорски манастир