АктуелноОхрид

Во болница во Охрид почина 78-годишна жена од БиХ, приведен нејзиниот син

На 09.02.2024 година во 10 часот, во СВР Охрид е пријавено дека околу 01 часот, во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, со возило на Итната медицинска помош била донесена Р.Б.(78) во придружба на нејзиниот син Н.Б.(44), двајцата од Бугојно, Босна и Херцеговина. Според пријавеното, Н.Б. ја напуштил болницата, а Р.Б. набрзо починала. Н.Б. е пронајден на улицата „Сирма Војвода“ во Охрид и лишен од слобода. Телото на починатата е дадено на обдукција. Во координација со јавен обвинител, се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

извор: СВР Охрид