АктуелноОхрид

ИПА Охрид реализираше хуманитарна акција

Денеска, Интернационалната полициска асоцијација, регион Охрид, реализираше хуманитарна акција наменета за социјално загрозени семејства од Струга. Хуманитарната акција како дел од програмските цели и определби на Интернационалната полициска асоцијација, беше иницијатива од Секцијата на жени при ИПА Охрид а реализирана во соработка со Весна Миленкоска од хуманата иницијатива „зготви и подари“ од Охрид, со Црвен Крст и центарот Солферино – Струга. Тие заедно, за повеќе социјално загрозени семејства кои се соочуваат со недостаток на храна, со многу љубов приготвија топли оброци а потоа, во просториите на Црвениот крст а на дел од нив и по нивните домови, со голема почит им ги предадоа на членовите на семејствата.

Целта на заедничката акција е, поттикнување на солидарноста како и подигнување на јавната и општествената свест за донирање на храна на оние семејства на кои им е најпотребна а кои, немаат доволно средства да обезбедат редовни дневни оброци. Храната е основно човеково право и затоа, сите заедно треба да создаваме можности за редовно донирање на храна за одредени наши сограѓани и барем малку да придонесеме да имаат подобар живот.
Благодарност до сите кои беа дел од оваа хуманитарна активност а најповеќе до волонтерите на Црвен крст Струга.