АктуелноОхрид

Успех на Охридските Гимназијалци на државното првенство во шах

На Државното првенство во шах за средни училишта за 2023г во машка конкуренција
учествуваа 34 шахисти, кои се натпреваруваа по Швајцарски систем во 6 кола, со темпо
на игра 10 мин+5 сек додаток на секој потег, ученик Константин Лушески го освои второто место. На истиот натпревар, а во женска конкуренција ученичка Снежана Змејкоска го освои третото место. Големо браво и за двајцата!