недела, ноември 24, 2024
АктуелноОхрид

18 златни медали за македонската Таеквон-до Федерација која минатиов викенд беше дел од два Меѓународни натпревари

Македонска Традиционална Таеквон-до Федерација викендов учествуваше на два Меѓународни  натпревари ” БУГАРИЈА ОПЕН 2023″ во Пловдив и “КОРЧА ОПЕН 2023” во Албанија

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација ( ИТФ ), под водство на претседателот  Марјанчо Лазревски,  учествуваа на Меѓународен Таеквон-до ИТФ А класа натпревар “БУГАРИЈА ОПЕН 2023” во Пловдив, Бугарија, кој е најјак натпревар во регионов, на кој учествуваа над 700 натпреварувачи од 12 земји од Европа. На овај престижен натпревар нашата Христијана Парулеска, која поради повреда сеуште не натпреварува, ја имаше честа да ја дели правдата , поканета од страна на Бугарската ИТФ , со што беше прогласена во најдобрите 10 судии на натпреварот.На овај натпревар учествуваа  5 натпреварувачи од  клубовите:

Таеквон-до клубот ‘ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид

Таеквон-до клубот “СОНКАЛ” Мислешево-Струга

Покрај огромната конкуренција и големата пристрасност освоени се 3 медали, од кои 1 сребрен и 2 бронзени медали,на голема жалост сите наши натпреварувачи беа оштетени од страна на судиите, Елена Јанеска беше запрена во полуфиналето од судиите до првото место, со кое бевме сигурни дека ќе го освои, додека Давид Крстески уште во првата борба беше поразен од страна на судиите, додека Теодора Тодороска како дебитант  успеа да се закити со медал ,кој за неа е огромен успех, изјавува Марјанчо Лазаревски претседател на М.Т.Т.Ф. Најголема благодарност до нашиот Генерален спонзор “ПН МЕТАЛ”,  Општина Охрид и Агенција за млади и спорт.

Освојувачи на медали „ БУГАРИЈА ОПЕН 2023 “ се:

– Давид Крстески                                                                                                                                     2 место (сребро) форми  за црн појас први дан, јуниори 16-17 години

-Елена Јанеска                                                                                                                                                                          3 место (бронза) борби  , јуниорки 16-17 години -70 кг

-Теодора Тодороска                                                                                                                                                                       3 место (бронза) борби  , јуниорки 14-15 години -65 кг

 

Истовремено од другата страна на нашата држава, Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација ( ИТФ ), под водство на националниот селектор Саша Поповски  на М.Т.Т.Ф.  учествуваа на Меѓународен Таеквон-до ИТФ натпревар “КОРЧА ОПЕН 2023″ во Албанија каде  учествуваа 27 натпреварувачи од  клубовите:

Таеквон-до клубот ‘ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид

Таеквон-до клубот “МАСТЕР” Охрид

Таеквон-до клубот “ЧОН ЏИ” Косел-Охрид

Таеквон-до клубот “АХИЛИУС” Скопје

Таеквон-до клубот “СОНКАЛ” Мислешево-Струга

Додека двајца наши судии Божидар Димитриевиќ и Софија Колушоска ја делеа правдата.

Освоени се вкупно 18 златни ,11сребрени , 13 бронзени и 6 пехари од кој 5 за најдобри поединци, и пехар за најдобар клуб второ место   за Таеквон-до клубот ‘ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид. Како национален тренер се чувствувам презадоволно од нашите клубови кои се покажаа во најдобро светло,натпреварувајќи во две дисциплини форми и борби , доминираа на борилиштата, иако некои од нив беа дебитанти, покажаа одлична храброст и пожртвуваност, а посебно за пофалба се членовите од “СОНКАЛ “ Мислешево кои се релативно млади. Ова беше еден од најуспешните натпревари каде мразот го скршија неколку почетници а некои се закитија и со медали. Истотака и Саша Поповски изразува најголема благодарност до Генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ”, Општина Охрид и  Агенција за млади и спорт.

Освојувачи на пехари на  “КОРЧА ОПЕН 2023″се:

-Климент Богоески  од “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид

-Теодора Митреска од “МАСТЕР” Охрид

-Софија Колушоска од “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид

-Давид Ристески од “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид

-Анастасија Трифуноска од “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид