вторник, ноември 26, 2024
АктуелноМакедонијаНаш изборНаш ИзборОхрид

(ВИДЕО) Дебрчани го тужат „Синохидро“ бидејќи им ги поплавил нивите

Тужба со барање за илјадници евра оштета е поведена од страна на жители на Дебрца против компанијата „Синохидро“ која го гради автоатот Охриуд = Кичево во Основен Суд Охрид.

Тужбата е поднесена затоа што мостот кој го изградил Синохидро и кој го користел за пристап до градилиште , дефакто ја препречил реката Сатеска и направил мало вештачко езеро, кое поплавило повеќе ниви во селото Ботун.

Нивите со насади се целосно уништени, уништени се ореови дрвца, а на нивите реката сама создала наспип од песок, кој направил земјиштето да нема повеќе квалитет каков што имало, а за отстранвање на наносите од песок на нивите треба да се нагажира механизација.

Дополнително заради водата која го прекрила просторот од пред шест месеци веќе се формирала и водна вегетација и алга.

Мостот кој е изграден не е дел од автопатската делница и се користи за преку него да поминува механизација за работа и камиони за транспорт. Но тие кои го проектирале поставиле помалу испусти од тоа што треба, па неизбежно се поплавиле околните земјоделски ниви и се формирало ова мини езеро.

По под несувањето на тужбата од Синохидро на патот кој води до нивите истурила куп земја со што го попречиле движењето.

ВИДЕО РЕПОРТАЖА ЗА ИСТАНБУЛ И ЗАШТИТАТА ОД УНЕСКО

https://youtu.be/yAmm-mcSlrg