вторник, ноември 26, 2024
АктуелноОхрид

Кривична пријава за Охриѓанец, во домот му пронашле пиштол, рачна граната, ловна пушка и 493 куршуми со различен калибар

На 10.11.2023 година, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 37 годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници од одделението за недозволена трговија со оружје кај него пронајдоа и одзедоа пиштол, рачна граната, ловна пушка и 493 куршуми со различен калибар, кои нелегално ги поседувал.

 

извор: СВР Охрид