вторник, ноември 26, 2024
АктуелноОхрид

Македонска Традиционална Таеквон-до Федерација викендов на два Меѓународни натпревари ” БУГАРИЈА ОПЕН 2023″ во Пловдив и “КОРЧА ОПЕН 2023” во Албанија

Македонска Традиционална Таеквон-до Федерација под водство на Марјанчо Лазаревски , претседател на М.Т.Т.Ф.утрово во 08:00 часот тргна на Меѓународен Таеквон-до ИТФ А класа натпревар “БУГАРИЈА ОПЕН 2023” во Пловдив, Бугарија, кој е најјак натпревар во регионов. на кој имаат пријавено учество над 700 натпреварувачи.

На овај престижен натпревар нашата Христијана Парулеска, која поради повреда сеуште не натпреварува, ја има честа да ја дели правдата , поканета од страна на Бугарската ИТФ. На овај натпревар одиме вкупно со 5 натпреварувачи, од кои 4 натпреварувачи од Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец Охрид и 1 натпреварувач од Таеквон-до клубот “СОНКАЛ” Мислешево Струга . Додека на ” КОРЧА ООЕН 2023″ утре во 06:30 часот под водство на националниот селектор Саша Поповски учество ќе земат 27 натпреварувачи од сите клубови а воедно и двајца наши судии Божидар Димитриевиќ и Софија Колушоска ќе ја делат правдата. Се надевам дека нашите натпреварувачи ,иако истрошени, претходно учествувајќи на три силни натпревари, ќе дадат се од себе и ќе не израдуваат со успех со кој ќе се гордееме сите. Најголема благодарност до нашиот Генерален спонзор “ПН МЕТАЛ” Општина Охрид Агенција за млади и спорт, истакнува тренерот Марјанчо Лазаревски.