АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Елена Јанеска во рок од недела дена се закити со 2 златни и 2 сребрени медали

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација, со пет натпреварувачи , јуниори 16-17 години, кои натпреваруваа во две дисциплини во спаринг (борби)  и во форми (борба со замислен противник), изминатиов викенд зеде учество на еден од најпрестижните Меѓународни Таеквон-до ИТФ А класа натпревари “МОРАВИА ОПЕН 2023” во средна Европа, кој се одржуваше во Острава, Чешка на 28.10-29.10 2023година, на кој учествуваа над 500 натпреварувачи од 13 земји од Европа( Македонија, Србија, БиХ, Грција, Хрватска, Словенија, Естонија, Украина, Латвиа, Холандија, Словачка, Полска и Чешка ).

Покарај долгото патување  над 25 часа  и долгото чекање од 5 часа на Унгарска граница, и покрај судиската пристрасност и големата конкуренција иако бевме скептични, нашите натпреварувачи успеаја да на израдуваат со 4 медали од кои 1 златен, 1 сребрен и 2 бронзени медали.

Најголемиот успех го направи нашата репрезентативка Елена Јанеска, која овај пат ги победи убедливо и судиите, Осовјувајќи го првото место во спаринг (борби) + 64 кг. јуниорки 16-17 години , победувајќи ги до тронот претсавничките на Холандија, Чешка, Естонија, Чешка,  додека во форми (борба со замислен противник) за црн појас први дан јуниорки 16-17 години.  се закити со сребрен медал, победувајќи ги претставничките на Полска, Хрватска , Латвиа, додека во финале заслужено изгуби од домашната  натпреварувачка. Елена Јанеска само пред една седмица  го постигна истиот успех на Меѓународниот Таеквон-до ИТФ  А  класа натпревар “СРБИЈА ОПЕН 2023” во Нови Сад, Србија, освојувајќи златен медал во спаринг (борби)  + 64 кг. јуниорки 16-17 години  и сребрен медал во форми (борба со замислен противник) за црн појас први дан јуниорки 16-17 години. Елена која е една од најдобрите наши натпреварувачки, Европска вицешампионка Пореч 2022, оваа година и на Европското првенство во Јесоло ,Италија и на Светското првенство во Астана , Казахстан во 1/4 финалните борби за медал, беше оштетена од страна судиите, и затоа на овај натпревар учесвуваше не само да ги победи противничките туку со цел да ги победи и судиите, што и успеа да ги осава немоќни, а со тоа ддокажа дека е спремна за врвни достигнувања.

Други освојувачи на медали се Марио Крстески  кој го освои бронзениот медалво форми (борба со замислен противник) за црвен  појас јуниори 16-17 години , додека во спаринг (борби) за жал поради повреда во втората борба, мораше да го откаже натамошното натпреварување, Михаил Јоноски освои бронзен медалво форми (борба со замислен противник) за црвен  појас јуниори 16-17 години, Давид  Крстески во спаринг (борби) во третата негова борба,  борбата за медал  беше оштетен од страна на судиите во корист на домашниот претставник, додека Владимир Димитриевиќ во спаринг (борби). втората борба ја загуби по негова грешка последните 10 секунди  и остана без медал, ни изјавува Марјанчо Лазаревски претседател и национлаен селектор на М.Т.Т.Ф. кој користи прилика да се заблагодари огромната подршка  на Генералниот спонзор ПН МЕТАЛ,  Општина Охрид  и Агенцијата за млади и спорт.

Христијана Парулеска учествуваше во улога на тренер поради нејзиното искуство, која поради повреда од Светското првенство уште мора да се опоравува