АктуелноОхрид

На Граничниот премин „Св. Наум“ приведени две лица од Франција кај кои е пронајдена марихуана

На 14-ти октомври 2023 година, во 12:10 часот на Граничниот премин „Св. Наум“, полициски службеници ги лишиле од слобода две лица од Франција, на возраст од 19 и 41 години.

– При преглед во патничкото возило марка „Рено твинго“ со француски национални ознаки, била пронајдена и одземена марихуана. Лицата биле задржани во Полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.

Извор: МВР