Граѓани кои поминуваа утрово покрај автопатот Охрид – Кичево кој е во градба веќе десетта година, како и жители на општината Дебрца јавуваат во Ohrid1.com дека на автоатот механизацијата урива мост, кој е дел од трасата, а кој бил претходно изграден.
Зошто се урива овој мост ? Прашуваат тие ?
Тешка механизација, специјализирана со опрема за уривање го „дроби“ мостот кој претходно бил изграден на делот од трасата кај селото Ново Село, блоску го излезот кој води кон селото Црвена Вода.
Што згрешија сега на мостот ? – прашуваат граѓаните и додаваат дека од работниците кои работат на делницата слушнале дека мостот бил напавен повисок од нивото на коловозот на автопатот па затоа сега со огромни хилти се дроби дел од мостот, за да може да се нивелира со коловозот.
Автопатот од Охрид до Кичево се гради веќе нецели 10 години, и во јавноста доби епитет на пат во вечна градба, но и го понесе името „Автопат на смртта“ бидејќи на него изгинаа десетици ( ако не и стотина ) граѓани кои изгинаа во сообраќајки заради небезбедниот пат кој е во градба.
Во меѓувреме, пролетта 2023 Албанија започна да го гради автопатот од Елбасан кон Ќафасан, кој полека но сигурно ги добива контурите и веќе се назира трасата по која ќе се асфалтира коловозот.
https://www.youtube.com/watch?v=l5H3wIcuc5I