АктуелноОхрид

Полицијата во два случаи откри нелегален транспорт на огревно дрво во Охрид

На 09.10.2023 во 15.40 часот во атарот на охридското село Скребатно, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 46 годишен Охришанец. Тој бил затекнат при нелегален транспорт на 8,5 метри просторни нежигосано огревно дрво со товарно моторно возило „ГМЕ“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на Охриѓанец. Товарното возило, огревното дрво и една моторна пила се одземени и предадени на Шумската полиција. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 09.10.2023 во 09.45 часот на улицата „Кленоец“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид од 58 годишно лице од Охрид одзедоа товарно моторно возило „Там“ со струшки регистарски ознаки, натоварено со четири метри просторни огревно дабово дрво за кои не поседувал документација. Дрвната маса, возилото и други предмети биле одземени и предадени на Шумска полиција и сместени во стовариште на Ј.П. „Национални шуми“ во Охрид. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид