АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Реакција на градоначалникот Пецаков по изјавите на Рамиз Мерко

Иако немам навика да реплицирам на секоја изнесена лага во јавност, во овој случај чувствувам потреба тоа да го направам, да одговорам на лагите изнесени од Општина Струга, иако сум уверен дека тоа нив ништо не им значи бидејќи нивното функционирање е засновано на „купи ден помини“. Да се осудат да коментираат за неодговорно работење оние чие раководство е впишано на меѓународните црни листи за разно-разни злоупотреби во најмала рака е трагикомично.

Најодговорно тврдам, дека нити ова раководство, а нити било кое претходно до далечното минато, се дрзнало да не се грижел за зачувување на статусот на УНЕСКО. Како прво, што се однесува до случувањата во Охридскиот регион, а се поврзани со УНЕСКО, треба секој еден практикант на функција да знае дека тука се надлежни повеќе институции централни и локални и дека ниедна од овие институции неможе самостојно да ги пишува заклучоците во извештаите кои го носи УНЕСКО. А за да увидиш во извештајот кои се забелешките треба да го прочиташ, а не да чекаш некој да ти го прераскаже. Понатака, Општина Охрид и јас како нејзин градоначалник, со сите надлежни институции домашни и меѓународни имаме одлична комуникација на поле УНЕСКО. Тоа се потврдило и го потврдиле многубројните посети и работни состаноци.

Иако, Општина Охрид која територијално е најопфатена со УНЕСКО, своите задолженија ги извршува редовно и навремено и во ниеден момент не бара кривец во други општини, бидејќи нема потреба да бараш кривец кога си ја работиш работата согласно Закон. Што се однесува до наводното поткупување медиумите, организациите и лобистите, нема да коментирам, туку ќе оставам тие самите да дадат одговор доколку се чувствуваат повикани. Во едно демократско општество за кое постојано се бориме и стремиме да го достигнеме, секој има право да го изнесе својот став без разлика дали тоа ќе е позитивен или негативен за некого. И последно, за крај, ваквите коментари единствено придонесуваат за нарушување на досегашниот искрен пристап кон проблемите со кои се соочуваме во однос на УНЕСКО и воедно се прашувам на кого му одат во корист и зошто?!

-стои во реакцијата од градоначалникот Кирил Пецаков.