АктуелноОхрид

Владата донесе заклучоци за спроведување на препораките на УНЕСКО за заштита на Охридскиот регион

Владата на денешната седница ја разгледа и ја усвои Информација за потребата од преземање на итни мерки за рехабилитација на светското природно и културно наследство на Охридскиот регион.

Владините заклучоците се донесени по посочувањето од предлагачот, Министерството за култура, на препораките од реактивните мониторинг мисии на УНЕСКО, потенцирани од Комитетот за светско наследство при УНЕСКО.

Меѓу владините заклучоци, задолжено е Министерство за животна средина и просторно планирање да донесе Одлука со којаш што ќе ја задолжи ЈНУ – Хидробиолошки завод – Охрид да изработи приоритетна листа на клучни живеалишта од национално и европско значење и листа на статус на видови според IUCN класификација на загрозени приоритени видови на риби, безрбетници и алги во Охридско Езеро.

Има и повеќе укажувања до Управата за заштита на културното наследство, меѓу коишто, во посочени рокови, да достави насоки до надлежната установа – НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, со што ќе ги дефинира (ограничи) можностите за изградба на нови објекти, надградби и доградби во Старото градско јадро на Охрид, имајќи предвид дека членот 59-ѕ од Законот за градење не е правен основ за доградби, надградби и реконструкции во старото градско јадро на Охрид.

Задолжувања има и до Министерство за транспорт и врски. Се задолжува Министерството за транспорт и врски, а се укажува на Општина Охрид, Општина Струга и Општина Дебрца, во прецирани рокови, секој во рамките на своите надлежности да започнат со отстранување на бесправно изградените објекти за коишто се издадени правосилни решенија за отстранување и за коишто се обезбедни финансики средства за остранувањето.

Задолжено е Министерството за транспорт и врски, а им се укажува на Општина Охрид, Општина Струга и Општина Дебрца, сите урбанистичко плански документации да ги доставуваат до Комисијата за управување со светското природно и културно наследство на мислење уште во фаза на предлог-опфат, односно пред да бидат усвоени од општинската Комисија за урбанизам и инкорпорирани во годишната програма.

Исто така, задолжено е Министерттвото за транспорт и врски, во соработка со Капетанијата на пристаништата – Охрид, да формира Работна група за изработка на анализа на пловила во Охридското Езеро со пресметка и на капацитетот на носивост на пловила во Охридското Езеро.

Задолжено е Министерството за култура, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, Управата за животна средина и Управата за заштита на културното наследство да изработи Нацрт-верзија на Предлогот на законот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион.

извор: Влада