АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Денес се празнува Светиот свештеномаченик Корнилиј стотникот

Римјанин и римски офицер во Кесарија Палестинска. Крстен од апостолот Петар, според небесно откровение (ДАп. 10, 1). Беше прв од незнабошците што ѝ пристапија на Божјата Црква.

 

Дотогаш некои мислеа дека Црквата Христова е само за Евреите и за оние што го примаат еврејското обрезание. Откако се крсти, Корнилиј остави сè и тргна по апостолот Петар. Овој апостол подоцна го постави за епископ и го испрати во незнабожечкиот град Скипсеосис, каде што свети Корнилиј претрпе многу бесчестења и мачења заради Христа, но со сила Божја го урна храмот на Аполон и го крсти кнезот на тој град,

 

Димитриј, и двесте седумдесет и седуммина незнабошци. Откако беше известен од Бога за денот на својата смрт, тој ги повика сите христијани, ги посоветува, се помоли на Бога за нив, и мирно се претстави кај Господ во својата чесна старост. Со време го заборавија неговиот гроб и стана запуштен. Но, светителот му се јави на Троадскиот епископ Силуан и му јави за својот гроб, со заповед таму да подигне црква.

 

Епископот го изврши тоа со помош на богатиот граѓанин Евгениј. Од моштите на Свети Корнилиј се извршија многубројни чуда.

 

 

 

denovi.mk