АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Предавање на тема „Организирани против криминалот“

Во просториите на Општина Охрид, во организација на Локален Совет за превенција на општина Охрид и во соработка со Хоризон Цивитас, денес се одржа предавање на тема „Организирани против криминалот“. Предавањето има за задача да го разработи актуелното прашање на организираниот криминал и неговото влијание врз младите во Република Македонија.

Целта на предавањето е да се влијае на подигањето на свеста кај родителите/наставниците, но и директно кај  младите генерации, бидејќи неискуството и незнаењето, како и неможноста да се справат со погрешните влијанија кои ги добиваат преку социјалните мрежи, младите често стануваат лесна мета на криминалните организации.

Предавањето беше организирано за професорите, стручните служби и советот на родители, додека за учениците вакво предавање ќе се одржи во септември.