четврток, ноември 28, 2024
АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) Познатиот нуркач Никола Паскали сними инвазивни и штетни видови риби во Охридско Езеро

Инвазивни и штетни видови риби во Охридско Езеро. Lepomis gibbosus – Сончарка.  Познатиот нуркач од Охрид , Никола Паскали објави видео на кое се гледаат овие риби.

 

Инаку Сончарката потекнува од Северна Америка, а во Европа се смета за инвазивна риба, која може да ги надмине другите видови домородни риби. Вообичаено е долга од 10-28 см и тешка до 450 грама. Сончарката живее во топла и чиста вода со многу вегетација.

Меѓу охридските биолози има различни мислења од каде и како се појави сончарката во Охридското Езеро.

фото: PRTSC