Денеска, (31.07.2023) заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши на покана од Владата на Република Северна Македонија во присуство на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски и претседателот на Владата на Република, Еди Рама на граничниот премин Ќафасан присуствуваше на свечениот чин пуштање во употреба на концептот ,,One stop shop“- заедничко управување на граничните и царински контроли со едно застанување.
Концептот на воведување на заеднички контроли претставува една од целите на Повеќегодишниот акциски план, за создавање на Регионална економска област на Западен Балкан, усвоен на Самитот во Трст од јули 2017 година, кој меѓу другото предвидува и заедничко управување со ризик и заеднички гранични контроли со едно застанување (One Stop Shop), каде што е тоа применливо.
Заедничките контроли при едно застанување и заедничкото користење на опрема за гранични контроли од страна на соседните држави се пропишани и со Дополнителниот Протокол 5 кон ЦЕФТА-Договорот за олеснување на трговијата, а овој концепт е во согласност и со Ревидираната верзија на Меѓународната конвенција за поедноставување и хармонизирање на царинските постапки усвоена од страна на Советот на Светската царинска организација од 2006 година, чии потписнички се и Република Северна Македонија и Република Албанија.
Со воведување на овој концепт: ќе се забрза протокот на патници, стока и превозни средства на граничните премини, ќе се воведе контрола и вршење на граничните формалности од страна на сите надлежни органи за нивно спроведување, на две соседни држави, при единствено запирање, ќе се овозможи повисок степен на хармонизација на граничните контроли и унапредена примена на концептот на интегрирано гранично управување, ќе се намали можноста за царински измами, поради непосредниот увид во комерцијалните документи кои ја следат стоката и ќе се изврши заштеда на ресурси потребни за реализација на концептот
извор: МВР