АктуелноОхрид

Приведен 25 годишен охриѓанец кој агресивно се однесувал кон полициски службеници

На 31.07.2023 во 02.00 часот пред угостителски објект на Спортско-рекреативниот центар „Билјанини извори“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 25 годишно лице  од Охрид затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои преземале службени дејствија, по што се обидел да избега со своето возило „фиат“. Притоа, кај него биле пронајдени и одземени нож, пиштол и 104 дијаболи кои нелегално ги поседувал. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

извор: СВР Охрид