петок, ноември 15, 2024
АктуелноОхрид

(ФОТО) Нова генерација успешно ја заврши комплетната Бреинобреин програма

Новa, тринаесетта по ред генерација на ученици успешно ја завршија комплетната Бреинобреин програма во Центарот за развивање на животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид. За таа прилика, на пригодна свеченост, во присуство на родителите, на Бреинобреин генијалците им беа доделени меѓународно признаени сертификати за завршени 10 нивоа на интернационалната Бреинобреин програма.
????Горди сме што секојдневно, армијата на бреинобреин генијалци се зголемува и се препознава по успесите кои ги нижат децата кои ја следеле и комплетно ја завршиле Бреинобреин програмата во Центарот за развивање животни вештини на Црвен крст Охрид. Ќе споменеме само некои од нив, Лео Нелоски, Прличевец, Првенец на генерација кој ја дополна веќе започнатата низа на Узуновци, Климентовци, Прличевци – првенци на генерации, Борче Исакоски, Михаил Рувинов, Димитриј Питроповски, Елена Стојоска, Леонид Тодороски, сите добро познати не само на охридската и македонската јавност, туку со своите успеси и достигнувања ја разбрануваа и светската.
????И сите тие, првите почетоци, уште од најмала возраст, ги направија во Центарот за развивање животни вештини Бреинобреин – Црвен крст Охрид и успешно ги завршија сите десет нивоа од оваа меѓународно призната Бреинобреин програма. Станаа лидери на сопствените животи.
????‍????????‍????Тимот на БОБ – Црвен крст Охрид е уверен и посакува понатамошни успеси во сите сфери од животот на овие млади луѓе и останува отворен и на располагање со своите тренерски и педагошки квалитети и вештини на идните деца кои ќе решат својата успешна приказна да ја започнат следејќи ја Бреинобреин програмата во Центарот за развивање на животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид.
????Центарот за развивање на животни вештини Бреинобреин – Црвен крст Охрид работи под франшизерство на Бреинобреин академијата од Ченаи, Индија од 2010 година. Во центарот се имплементира едукативна програма преку проверени и признаени едукативни техники базирани на Неуро лингвистичко програмирање (НЛП) и Абакус ментална аритметика (МА) кои го поттикнуваат мозочниот потенцијал кај деца од 4-14 годишна возраст за стекнување, развивање и потврдување на способностите за концентрација, фотографска меморија, нумерички и вербални способности, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.
????Оваа светски призната и докажана програма ја спроведуваат високо професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени од страна на меѓународни инструктори.