АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

(ФОТО) Пецаков: Екипите на ЈП ” Охридски Комуналец” со голем број активности за одржување на јавната чистота.

Поставени канти за отпадоци на плажите кои не се под концесија потег Горица 3-Пештани.
Покрај секојдневното машинско миење на коловозите кое се одвива во вечерните часови, се спроведе и темелно миење со црево каде има пристап, по тротоари, скејт-паркот и џебовите каде се поставени контејнерите за депонирање отпад.
Етапно се расчистува просторот околу коловозот на патниот правец Охрид-Св.Наум од расфрлани ситни отпадоци (лименки, пластична и картонска амбалажа и др.), пишува во својата објава на ФБ градоначалникот Кирил Пецаков.