АктуелноОхрид

Приведен жител од Дебар кој нелегално превезува огревно дрво

На 24.06.2023 година во 22.05 часот во ОВР Дебар лишен од слобода е 35 годишен жител од Дебар. При контрола на возило „форд“ што тој го управувал, на локален пат, полициските службеници констатирале дека нелегално превезува огревно дрво. Дрвната маса е одземена и предадена на Шумската полиција од Дебар, а против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

извор: СВР Охрид