четврток, ноември 28, 2024
АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) „Јас сум Тони Менкиноски“ – Охриѓани пред судот како поддршка на адвокатот Тони Менкиноски

Пред Охридскиот основен суд  во моментов има протестот на група граѓани под слоганот „Јас сум Тони Менкиноски“.  И Охриѓани му искажаа поддршка на адвокатот Тони Менкиноски кој доби пријава поради тоа што го развеал знамето од Кутлеш во Охрид во знак на поддршка на уставобранителите на 27 април годинава.

„Ние си имаме право да си го вееме македонското знаме. Утре е судењето, па не очекувам ништо друго освен да ме ослободат. Како прво и основно, не постои закон кој може да нѐ спречи да го вееме македонското знаме. Поради таа причина против мене е поднесено обвинение за нарушување на јавниот ред и мир, бидејќи и тие самите не знаеле како да го нормираат обвинението. Со ова сакаат да покажат дека Македонците не смеат да го користат ова сонце“, рече Менкиноски синоќа на протестот кој се одржа во Скопје пред Собранието.

Менкиноски е застапник на ОМО Илинден и има добиено десетина судски процеси против Бугарија.

https://www.youtube.com/watch?v=9UWrCt4A1iM&ab_channel=Ohrid1%2FNews1