Поради изведување на градежни работи (реконструкција на коловозот) на патниот правец Подмоље – Охрид на магистралниот пат А3, сообраќајот ке биде пренасочен преку регионалниот пат Р-1208, информираат од Автомото сојузот на Македонија.
-Работите започнуваат на 9-ти јуни 2023 година, а на местото ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација, информираа од АМСМ.
По информацијата од АМСМ се огласи и градоначалникот Кирил Пецаков. На својот ФБ профил градоначалникот напиша:
-Ова на Охрид шо му го прајте немат смисла..
Ниту идеја, ниту желба уш помалце реализација…
7 години не помрдна „автопатов“ сега на почеток на туристичка сезона 45 дена го затворате влезот на Охрид и се пренасочува цел сообраќај по стариот пат, пат кој нема капацитет да прими толкава голема бројка на возила и хаосот кој ќе го создадете е неминовен..
Заради тоа што не исперцепиравте и не ви беше битно тоа што општина Охрид беше против затворање на влезот во Охрид во овај период и си издадовте сами на себе дозвола за пренасочување на сообраќај, сега јавно го повикувам министерот за транспорт, министерот за внатрешни работи и премиерот, да ја сменат одлуката и да овозможат нормален проток на возила во тек на туристичката сезона, а по завршување на сезоната да одпочнат со градежните активности…
Без разлика шо не почитувате локална самоуправа, во неколку наврати го докажавте тоа и исто во неколку наврати низ годиниве влечите одлуки директно на штета на Охрид, овде сепак треба да покажите чувство и ова лудило веднаш и одма да прекине да важи, напиша Пецаков на ФБ.
Погледнете како се одвива сообраќајот на влезот во Охрид…
видео: Охрид 1