АктуелноОхрид

Одржана средба со учесниците на програмата „Birthright Macedonia“ на Обединетата македонска дијаспора

На 8 јули 2026 година, Митрополит Дебарско-кичевски г. Георгиј оствари инспиративна средба со учесниците на програмата „Birthright Macedonia“ во организација на Обединетата македонска дијаспора.
🇲🇰 Младите Македонци од светот ги споделија своите силни впечатоци од активниот престој во Татковината. Беше разговарано за нивните очекувања, новите можности за унапредување на соработката и начините за уште посилно зацврстување на меѓусебните односи со учество и на Црквата.