АктуелноОхрид

(ФОТО) Екипата од Охрид „Урбан крап“ – Охрид го освои првото место на државното првенство во крап

Екипата од Охрид под името „Урбан крап“ – Охрид го освои првото место на државното првенство во крап, кое се одржа од 11  до 14 мај на акумулација Мавровица.  На првенството на кое учествуваа 10 екипи, Екипата од Охрид беше најуспешна со уловени 151 килограм крап.

Второто место го освои екипата  „ЦО2“, а третото место екипата „Мастери“.

Инаку на првенството вкупно беа уловени  812.510kg. Ова е првото коло од натпреварот, а вкупно има три кола.

 

фото: „Урбан крап“