Ученици и наставници од средни училишта учествуваа на дводневните натпревари на кои ги презентираат знаењата и вештините во комуникација, толеранција, лидерство, тимска работа и спортување.
Учениците и нивните ментори пред жири комисиите претставуваа подготвените материјали и настапи во категориите: интервју за работа, јавен говор, веб страна, фотографија, свирење и пеење, видео реклама, филм, поетска творба, пинг-понг, баскет и серва.
На овој натпревар одлични резултати постигнаа учениците од СОСУ,,Св.Кирил и Методиј ”-Oхрид.
Во прилог го објавуваме документарниот филм,со кој што учениците од СОСУ,,Св.Кирил и Методиј ”-Oхрид (Стефанија Битолкоска,Ивана Котеска,Ана Мари Коцевска,Кристијан Танески,Марио Јованоски,Матеј Илоски),под менторство на педагог Андријана Паскали,го освоија третото место на Образовното рандеву 2023,што се одржа во Гостивар на 5 мај,под организација на Младинска Асоцијација на Средни Стручни Училишта во Македонија(МАССУМ).
Со овој документарен филм ,учениците апелираат на зголемување на еко свест и заштита на Студенчишко блато.
видео: СОСУ,,Св.Кирил и Методиј ”-Oхрид