АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) Пецаков: Проблемот со кучињата скитници можеме да го решиме само со стационар – ние имаме договор со ветеринарна станица која ги заловува, кастрира, вакцинира, маркира и обележува кучињата

Проблемот со кучињата скитници повторно стана актуелен по вчерашниот состанок на Југозападниот плански регион, на кој градоначалниците дискутираа за изградба на стационар за кучињата скитници со што би се решил овој проблем.  Изјавата на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко : Ако можиме да колеме јагниња, да колеме телиња, да колеме овци, овни, да тепаме диви животни, да ловиме риба, сѐ правиме што ни е потребно за наш живот, а единствено ќе ги чуваме кучињата?  ги вознамири граѓаните и здруженија за заштита на животни.

Градоначалникот на Охрид пак, Кирил Пецаков Пецаков, се оградува од изјавата на Мерко. Според него потребен е хуман третман на кучињата скитници, следејки ги европските стандарди, преку изградба на две регионални прифатилишта.

“Проблемот со кучинњата скитници го решава стационар. Треба да има ЈП по примерот на Лајка во Скопје, но ова е тема за која што треба да разговараме. Ако направиме регионални центри треба да ги завршиме што побрзо, затоа што само стручни лица знаат како да ги третираат овие животни. Откако дојдов за градоначалник ние имаме договор со ветеринарна станица која ги заловува, кастрира и вакцинира кучињата и се што потребно, ги маркира и обележува. Знам дека овие кучиња потоа невладини организации ги продаваат во други земји како Германија и Британија. Факт е дека на поорганизиран начин тоа треба да го правиме и мислам дека еден регионален стационар кој ќе има шинтерска служба, заловувачи, ветеринари и.т.н само на ваков начин ќе го решме овој проблем. Доколку имаме вави регионални центри проблемот ќе се реши за сите градови поеднакво“, истакна на состанокот Пецаков.

извор: Охрид 1