понеделник, ноември 25, 2024
Наш изборНаш ИзборОхрид

(ФОТО) ФТУ успешно се претстави на саем за сезонско вработување во туристичкиот сектор во Охрид и Струга

Денеска во Касарна Хаб се одржа Саем за сезонско вработување во туристичкиот сектор во Охрид и Струга. Преку овој саем заинтересираните имаат можност за вработување во некој хотел или ресторан и стекнување на драгоцено искуство во туризмот за средношколците над 15 години и студенти кои бараат сезонска работа.

На самот денеска успешно се претстави факултетот за туризам и угостителство, помовирајќи ги своите наставни програми на кои продуцира квалитетни кадри за потребите на туристичката индустрија, со ова ФТУ уште еднаш покажа дека прави одлична синергија меѓу науката и потребите на практиката.

Поаѓајќи од се поактуелната состојба со недостиг на пазарот на труд со кои се соочуваат домашните компании, особено во туристичко-угостителскиот сектор, на саемот хотелите и рестораните бесплатно имаа можност да го престават нивниот капацитет и да побараат вработени за сезоната.

Инаку компаниите кои бараат работници велат дека потребно е заинтересираните да имаат добри комуникациски вештини, познавање на англиски е неопходно за некои позиции и подготвеност да се работа во смени, за викенди, со флексибилно работно време.

Се нудат конкурентни плати, бакшиши, забавна и динамична работна средина и можност за стекнување многу нови познанства во целиот свет.

Инаку настанот е организиран во соработка со Агенцијата за вработување од Охрид, Факултетот за туризам од Охрид и сите средни училишта од Охрид, а истиот е поддржан од EU4M – project funded by EU, Stellar Solutions Skopje и Општина Охрид.

 

фото: Охрид 1