вторник, ноември 26, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

При претрес во дом на охриѓанец пронајдени 39 куршуми за ловечка пушка кои ги поседувал неовластено

На 23.03.2023 во 15.50 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција – Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид, со наредба од Основен суд Охрид, извршија претрес во дом и други помошни простории кај   лице на (51) години од Охрид

. При претресот беа пронајдени и одземени 39 куршуми за ловечка пушка калибар 16 милиметри, кои неовластено ги поседувал.

Со лицето извршен е службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

СВР