среда, ноември 27, 2024
АктуелноОхрид

Демироски: Египќаните продолжуваат да се видат низ институциите во правниот систем на државата

Денес имав задоволството да учествувам на средбата кај Градоначалникот Кирил Пецаков со пратениците и делегацијата на комитетот за односи меѓу заедниците , на која се разговараше за односите меѓу заедниците и предизвиците со кои се соочуваат помалите етнички заедници во Македонија и Охрид.
Египќаните продолжуваат да се видат низ институциите во правниот систем на државата за своите права и позицијата во општеството која им припаѓа, напиша на својот ФБ профил Советникот Арбен Демироски Бено.

Во продолжение ја пренесуваме изјавата во целост:

Во овие времиња кога повторно стои отворено прашањето околу преамбулата на уставот, будно го следиме расплетот на ова политичко прашање, и го повторуваме нашето барање за влез во уставот на нашата татковина Македонија.
Исто така важно е и формирањето на оваа комисија за односи меѓу заедниците во Охрид. Очекуваме оваа комисија да биде формирана во нај краток можен рок, а во него Египќаните да имаат значајно место и улога.

извор: Советникот Арбен Демироски Бено