вторник, ноември 19, 2024
АктуелноОхрид

(ФОТО) Д-р. Милошевски дел од тимот доктори од Св. Еразмо кои ја извршија првата операција на ’рбет со најновата генерација  на роботски микроскоп

ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо” – Охрид рамо до рамо  на најголемите вертебролски  центри.

„На  15 март имавме чест да тренираме и да ја извршиме првата операција на ’рбет со најновата генерација  на роботски микроскоп. Чувството беше неповторливо  да бидеме рамо до рамо  на најголемите вертебролски  центри.  Нашата болница – Св. Еразмо, со над 120  вертебролски и операции на нерви и операции на отворен мозок е рамо до рамо со клиничкиот центар и заслужува да има ваква најсовремена апаратура која дава огромна сигурност на операциите и значајно го скратува времето на операции.  Сите луѓе и ние како оператори го заслужуваме тоа. Се надевам дека наскоро и ние ќе набавиме ваква апаратура со што би се сврстиле во редот на најсовремените центри во Европа“, вели д-р Митре Милошевски .

 

Фото: ФБ д-р Митре Милошевски