На 9 март Црвен крст Охрид во соработка со Центарот за дијализа Нефроплус Охрид го одбележа светскиот ден на бубрегот со поставен штанд на градскиот плоштад .
На истиот случајни минувачи имаа можност да имаат бесплатна проверка на нивниот крвен притисок и нивото на шеќер во крвта од страна на волонтери на општинската организација, како и да се запознаат повеќе со тоа како да го одржат здравјето на овој витален орган .
+4