Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Томислав Тунтев во интервју за Глас на Америка рече дека секој авио превозник кој сака да оперира од и до Северна Македонија, мора да помине низ строги безбедносни проверки, кои важат насекаде во Европа.
Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Томислав Тунтев во интервју за Глас на Америка рече дека секој авио превозник кој сака да оперира од и до Северна Македонија, мора да помине низ строги безбедносни проверки, кои важат насекаде во Европа.
Глас на Америка: Потребен ли и е на Македонија во овој момент национален авио превозник и што се прави во таа насока?
Концептот со национален превозник во овој момент е застарен концепт и тоа се докажа во многу држави веќе извесно време, посебно од моментот кога настана целосна либерализација над небото над европскиот континент и посебно за државите кои се мали и кои немаат високо развиена авио индустрија.
Во овој момент мислам дека е добро што Македонија нема национален авио превозник или т.н носител на знаме, затоа што сите држави во регионот мака мачат како да ги покријат големите загуби на крајот од секоја фискална година, што ги генерираат овие национални авио превозници.
Ако земете да ги разгледувате податоците во изминатите десеттина години, Србија има платено над 200 милиони евра да ги покрива загубите на Ер Србија. Секоја година на Монтенегро ерлајнс, Црна Гора ги покрива загубите од 10,15, 20 милиони евра, Кроација ерлајнс 30-40 милиони евра. Словенија прекина да ги покрива загубите на Адрија ервејс и Адрија банкротира.
Значи концептот на национален авио превозник, важеше до пред 20-25 години, кога важеше реципроцитетот и се штитеа интересите на превозникот на одредена држава, како носител на знаме, но тоа сега е минато и јас сум повеќе за инвестирање, односно за субвенционирање на веќе етаблирани превозници, кои ги задоволуваат сите безбедосно- оперативни критериуми. За една споредба, Македонија наместо да плаќа десетици и десетици милиони евра загуби на некој државен или национален авио превозник, со пет милиони евра за три години, добива голем број на дестинации, субвенционирајќи превозници, кои сакаат да ги оперираат тие дестинации.
Глас на Америка