сабота, ноември 23, 2024
Охрид

Членот на Управниот од Левица гласал „за“ поскапување на водата, во СДСМ дознале од Бислимоски

Следат ли нешто опозициските партии во Охрид – НИКОЈ не реагираа на одлуката на Управниот додека не се огласи Бислимоски.

Реакциите кои денес во јавноста ги испратија партиите Левица и СДСМ од Охрид отвораат едно прашање: Дали опозициските партии во Охрид знаат што гласаат и какви одлуки носат управните одбори, во кои дел од нив имаат и свои членови, а реакциите во јавноста ги испратија еден ден од како Марко Бислимоски во јавноста соопшти дека нема да се прифати барањето на охридскиот Водово за поскапување на струјата, a всушност тој ја изманипулира јавноста, бидејќи такво барање немало, туку Водовод , согласно закон само досртавил ипресметка за трошоците на работењето.

Не реагирањето на претседателката на СДСМ Охрид, Кристина Крлеска Деспотоска на случувањата во градот се хронична состојба и од неа јавноста ( како и членоството на СДСМ во Охрид ) навикнаа да не слуша коментар за ништо ,  но чудно е што и Левица реагира на барањето на поскапување на водата , а претходно ова барање поминало на Управен Одбор на Водовод, каде член има и Левица , а посред информации на „Охрид 1“ ,  членот на Левица со својот глас ја поддржал одлуката за поскапување на водата.