На повреди се жалат двајца играчи, со што значително е намален ростерот на охридскиот суперлигаш пред дерби средбата закажана за петок, 3 март во салата „Билјанини извори“.
Левиот бек Даниел Андоновски има повреда на лакто, додека Абдерахим Боудрали, кој исто така игра на позицијата лев бек, го повреди коленото.
Двајцата нема да бидат во составот на ГРК Охрид на претстојниот меч со Алкалоид.
ГРК Охрид им посакува брзо опоравување!
-информираат од ГРК Охрид.