Нашето училиште активно зема учество во градењето иднината на своите ученици преку активности во интерес на нивната идна кариера. На 27.02 матурантите и дел од учениците од трета година посетија работилница за кариерно советување под водство на сертифицирани кариерни советнички Марија Коваческа, професорка во училиштето Нико Нестор и Ана Топенчарова Коваческа, професорка од нашата Гимназија каде што се запознаа со процесот на донесување одлука за своето идно образование и професија. Гимназиското образование отвора широко поле за понатамошно школување и затоа ни е важно секој од нив правилно да се насочи и да добие соодветна поддршка во изборот на својата идна професија. Нашето училиште веќе има сертифициран кариерен советник меѓу наставниците и овој вид на поддршка ќе им биде достапна на учениците во секое време, информираат од охридската Гимназија.