сабота, ноември 23, 2024
АктуелноОхрид

(ФОТО) Под силно полициско обезбедување започна судењето за нападот врз Пендиков

Под силно полициско обезбедување денеска во Охридскиот суд започна судењето за предметот околу претепувањето на секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков.

Обвинет е 24-годишен македонски државјанин кој пред судот ќе одговара дека со раце и нозе по главата и телото го тепал Пендиков.

23-годишниот Пендиков беше претепан во Охрид на 19 јануари годинава. Според обвинителството, делото е извршено од омраза.

Пред неколку дена беше приведен и вториот напаѓач на Пендиков. Обвинителството во Охрид побара од судот привремено да му го одземе пасошот за да не може да ја напушти земјава.