Тппе Охрид во текот на денешниот ден интервенираше на два пожари на отворен простор.
Сторителите кои ги подметнуваат пожарите мора да се санкционираат ! Изгорена е голема површина на трска во која егзистираат голем број на птици и животни, опожарени се и овоштарници, а од силниот ветар имаше реална опасност да се загрозат поблиските куќи кои се штитеа повеќе од четири саати ! Пожарот е ликвидиран од нашите екипи со помош на граѓани и членови на ДПД Ентузијаст Охрид-Дебрца, информираат на својот ФБ профил од ТППЕ Охрид.