недела, ноември 17, 2024
АктуелноОхрид

Пецаков во обиколка на основните училишта каде се одвиваа градежни активности за реконструкција

Ветивме дека нашиот фокус е создавање на подобро и поквалитетно образование за сите деца на територија на Општина Охрид и тоа го остваруваме.
Денеска извршив обиколка на основните училишта каде се одвиваа градежни активности за реконструкција, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.

Во продолжение ја пренесуваме објавата во целост:

👉Во ООУ „Григор Прличев“ во Рача се изврши адаптација и реконструкција на санитарните јазли. Вредноста на овој зафат изнесува 179.773,oo денари.
👉Во ООУ „Братско Единство“ Лескајца се изведе нова електрична инсталција во вредност од 824.188,00 денари и се реконструираја тоалетите во вредност од 1.313.600,oo денари. Тука се изврши и санација на водоводна и одводна мрежа во износ од 624.173,ооо денари.
👉Во ООУ „Кочо Рацин“ Лакочереј се изврши оградување на дврот со жица во вредност од 40.000,oo денари, потоа се изврши нивелирање на подовите во тоалетите во вредност од 100.000,o денари и се променаа одводните и доводните цевки во вредност од 30.000,oo денари.
👉Во ООУ „Ванчо Николески“ Косел се реконструираа тоалетите во вредност од 461.052,oo денари и се изгради настрешница во вредност од 65.000,oo денари.
👉Во ООУ „Ванчо Николески“ Куратица се реконструираа олуците во вредност од 90.000,оо денари.
👉Во ООУ „Ванчо Николески“ Лескоец се реконструира влезот на училиштето во вредност од 60.000,оо денари.
👉Во ООУ „Св. Наум Охридски“ Пештани се изврши молерисување и санација на ѕидовите во вредност од 70.000,оо денари.
👉Во ООУ „Св. Наум Охридски“ Коњско се промена внатрешната дограма во вредност од 50.000,оо денари.
👉Во ООУ „Живко Чинго“ Велгошти се огради училишниот парк и се постави влезна врата во вредност од 215.000,оо денари.
👉Вкупно во овие основни училишта до сега имаме инвестирано околу 3.298.598,oo денари средства обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
Речиси и да не постои образовна институција каде во изминатиов период или во моментов не се врши градежен зафат. Дополнително посетата на Основните училишта ја искористив и за разговор со директорите за идните приоритетни на образовните институции со кои раководат.

извор: ФБ Кирил Пецаков