сабота, ноември 23, 2024
АктуелноОхрид

Украдени и оштетени дрвја на патеката кон Горица

Општина Охрид најостро го осудува  чинот на крадење и кршење  млади дрва   на просторот од  Скејт Паркот до  хотелот „Инекс“ – Горица. Вандалскиот чин го констатираа надлежните служби на локалната власт кои деновиве беа на увид при што беше констатирано дека од 123 –те засадени  стебла  од видот  врба и даб на овој потег , три  дабови дрвца се украдени, а четири скршени.

Младите стебла беа засадени во месец декември минатата година и беа предвидени со проектот на Светска Банка за реконструкција на улицата „Македонски Просветители“. Согласно проектот  за едно пресечено дрво требаше  да се засадат три нови. Од вкупно 219-те стебла,  96 се засадија на реконструираната улица, а останатите 123 на потегот од Скејт паркот до „Инекс“- Горица.

 

општина Охрид