АктуелноОхрид

(ФОТО) Душко Србоски, среќниот фаќач на Светиот крст во Враништа

Рано изутрината во 9,30 беше одбележан празникот Богојавление-Водици и во Враништа, со полагање на светиот крст во водите на реката Црн Дрим, од стра на на отец Ристе Наумоски.
-Денешниот голем ден го прославивме во величествен амбиент ги осветивме водите и го положивме крстот во реката Црни Дрим.Оваа година по Божја промисла крстот го фати братот Душко Србоски,нему и на сите парохијани и сите православни христијани каде и да се наоѓаат да му посакаме многу здравје,љубов и благосостојба.Уште еднаш голема благодарност до членовите од Православна Младина кои со своите ангелски гласови посебно ни го разубавија празникот.
Бог се јави! Навистина се јави!
Со Божји благослов отец Ристе Наумоски.