АктуелноОхрид

IN MEMORIAM – Соња Думбалоска Делова

Охрид денес загуби една благородна, посветена и инспиративна личност. Со голема тага се простуваме од Соња Думбалоска Делова, долгогодишна пливачка и пливачки тренер, која својот живот го посвети на спортот, воспитувањето на младите и љубовта кон водата.

Низ нејзините раце поминаа бројни генерации деца, кои покрај пливањето од неа учеа за дисциплината, упорноста, храброста и човечноста. Со својата насмевка, трпеливост и несебична посветеност остави неизбришлива трага во срцата на своите ученици, колеги и пријатели.

Нејзиното име засекогаш ќе остане дел од спортската историја на Охрид и ќе живее преку сите оние на кои им ја всади љубовта кон пливањето.

До нејзиното семејство, пријателите и сите што ја сакаа упатуваме искрено и длабоко сочувство.