Откако претходно реагиравме за скандалите поврзани со вработениот шумар сега истиот врши терор, заплашување дека ако под итно не биде вработен неговиот син, кој воедно не ги исполнува условите и има фалсификувани документи, ќе летале глави, како и други закани врз кандидатите, вработените, управниот одбо, но и врз директорот.
За да се иронијата и скандалот поголеми против истиот е отворена предистражна постапка од страна на стопански криминал при СВР Охрид за пустошење на шуми, потпомогнат од мал дел вработени во установата во содејство со општинската СДСМ и моќници од Скопје.
Трудовата инспекција веќе 40 дена не им одговорила на преостанатите кандидати кои во благовремен рок поднеле жалби со прецизни докажани аргументи дека огласот е нелегитимен и дека се протежира кандидат со фалсификувани документи без запазување на матријалното право што претставува кривично дело и со ова во установата се нарушени и работните односи, човековите права и меѓучовечките односи.
Ова е начинот на кој општинската СДСМ владее преку рекетарски начин спротивно на закон за остварување на личните интереси.
Ја повикуваме Антикорупциската комисија и останатите надлежни институции да го расчистат случајот конечно и да се стави крај на самоволието и хаосот во ЈУНП ,,Галичица”.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид