понеделник, ноември 25, 2024
Охрид

Јавен повик за еднократна финансиска поддршка на лице кое е згрижено во згрижувачко семејство

Општина Охрид за буџетската 2023 година, согласно програмата за социјална и здравствена заштита предвидува еднакратна финансиска поддршка на лице кое е згрижено во згрижувачко семејство на територијата на општина Охрид. Средствата треба да се наменети исклучиво за поддршка на лица (деца) кои се згрижени во семејства што опфаќа основна заштита и 24 часовна грижа за деца и возрасни лица кои немаат свое семејство или немаат услови за живот во сопственото семејство. Предвидената финансиска поддршка изнесува 10.000,00 денари по згрижено дете.

 

  • Услови кои лицата треба да ги исполнуваат:

– да се згрижени во семејство на територијата  на Општина Охрид;

 

  • Потребни документи и начин на пријавување

– пријава за користење еднакратна финансиска поддршка на лице кое е згрижено во згрижувачко семејство на територијата на општина Охрид;

– копија од лична карта од носителот на згрижувачкото семејство;

– трансакциска сметка од носителот на згрижувачкото семејство;

– решение за сместување во згрижувачко семејство издадено од надлежен Центар за социјална работа;

 

Пријавите заедно со документите се доставуваат по пошта во затворен коверт на адреса: Општина Охрид ул.„Димитар Влахов“ бр.57 – Охрид со назнака „3а Комисија за спроведување на постапка за еднакратна финансиска поддршка на лице кое е згрижено во згрижувачко семејство на територијата на општина Охрид , или лично во архивата на општина Охрид.

 

  • Рок на пријавување

 

Потребните документи треба да бидат доставени најдоцна 20 дена од денот на објавување на јавниот повик.

Документите на кандидатите кои се некомплетни и ненавремено доставени нема да бидат разгледувани.

 

повеќе на ЛИНКОТ