Во врска со јавното обраќање на Јавното Претпријатие „Билјанини Извори“ и повикот за разговор и работен состанок за состојбата и начинот на работа на претпријатието не’ радува ентузијазмот и намерата на младиот менаџерски тим да го истакнe својот придонес во менаџирањето на транспарентен начин и како што и самите наведуваат: „со соодветна документација“, се вели во соопштението од ОО СДСМ.
Во продолжение го пренесуваме соопштението во целост:
Впрочем, тоа е нивна законска обврска, не можност или волја. Советот на општина Охрид е претставнички орган на граѓаните кој одлучува во рамките на своите надлежности утврдени со закон. Во рамките на неговите надлежности е и усвојување на извештаите за работа и годишните сметки на јавните претпријатија основани од Општината. Со оглед на тоа што ја завршуваме оваа календарска година, се сумираат резултатите од работењето и наскоро, согласно законските прописи, очекуваме да се одржи седница на која ќе се разгледуваат извештаите за работа и годишните сметки на јавните претпријатија. Како и останатите јавни претпријатија, така и менаџерскиот тим на ЈП „Билјанини Извори“ ќе има обврска, но и можност да даде извештај за својата работа компаративно со изминатите години. Секој менаџерски тим треба да практикува позитивен натпревар, да продолжи онаму каде што застанало претходното раководство, да ги практикува воспоставените позитивни политики, да ги избегнува негативните и претпријатието да го подигне на повисок степен на развој и функционалност, во конкретниот случај, со оглед на тоа што се работи за јавно претпријатие да го подигне нивото на квалитет на услугите кон граѓаните.Во однос на лицитирањето со бројки тоа е невозможно, тие бројки произлегуваат од сметководствено – финансиското работење, лесно се докажуваат или оспоруваат. Како советничка група на СДСМ и коалицијата се залагаме за конструктивност, но и критика заснована врз основа на аргументи во насока кон донесување на основани одлуки во доменот на нашите надлежности.
Координатор на советничка група на СДСМ и коалицијата
Ангелоска Живка